Две лица се лишени од слобода во Струга откако биле затекнати при палење отпад и предизвикување пожар на градската депонија, информира Министерството за внатрешни работи.
„На 02.08.2025 во 20:30 часот, на градската депонија во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишија од слобода Ф.Н.(61) од Струга и Е.В.(38) од Прилеп, кои претходно, од страна на вработени во Територијалната противпожарна единица Струга биле затекнати на депонијата како горат душеци и топат бакарни жици, при што предизвикале пожар. Против нив, по документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни пријави“, стои во известувањето од МВР.