Куадрадо не се откажува и ќе потпише за седми различен тим во Серија А

Дерби

01/08/2025

14:28

474

Големина на фонт

а а а

Хуан Куадрадо не планира да се откаже од настапите во Серија А, па по крајот на соработката со Аталанта, прифатил понуда од друг клуб.

Се работи за екипата на Пиза која ќе биде нов член на италијанската најелитна лига и чиј тренер е Алберто Џилардино, а Колумбиецот ќе се обиде да помогне во остварување на основната амбиција, обезбедување опстанок во првата сезона во Серија А.

Куадрадо настапуваше за Удинезе, Лече и Фиорентина, а потоа долго го носеше дресот на Јувентус, за во меѓувреме да потпише за Интер и Аталанта.

Во Бергамо се задржа само една сезона и сега повторно ќе има нов клуб на „чизмата“, каде веројатно и ќе ја заврши својата кариера.

Куадрадо досега има 395 настапи во Серија А.