Шпански дуел во Хонг Конг: Поро го оттурна Артета покрај аут линијата

Дерби

01/08/2025

13:22

363

Големина на фонт

а а а

Тотенхем успеа да го победи градскиот ривал Арсенал на неутрален терен, а натпреварот вообичаено донесе и неколку тензични моменти во Хонг Конг.

Лондонската пресметка беше решена со голот на Сар, а покрај бруталниот дриблинг на Ромеро кој го избезуми Хаверц, вирален момент на социјалните мрежи беше дуелот на Педро Поро и Микел Артета.

Шпанците се зајадоа покрај аут-линијата и тоа откако играчот на Тотенхем реши да ја коригира позицијата на менаџерот на Арсенал, кој им даваше совети на фудбалерите надвор од предвидената зона.

Артета не беше најсреќен поради реакцијата на Поро, па сигурно нема да му заборави на сонародникот за начинот на кој се однесувал на овој пријателски натпревар.