СДС, токму тие ја партизираа полицијата и институциите. И додека СДС управуваше со институциите, професионалците беа шиканирани, а напредуваа само оние партиски подобните, истаклна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, во одговор на новинарско прашање за денешната прес-конференција на потпретседателката на СДС, Ана Чупеска.
Новите закони, вели тој, се во насока на професионализација и еднакви можности.
„Тој кој е компетентен, кој има искуство, знаење и интегритет ќе напредува без разлика на партиската припадност. За разлика од тоа како до сега“.
Според него, сите тези на СДС се само блед обид да дефокусираат од моменталните теми, како драмолетката што, како што вели, ја направија околу интерпелацијата на Коцевски каде се разголија и го покажаа вистинското лице.