Песков: Путин никогаш не оди на одмор

Макфакс

01/08/2025

10:21

445

Големина на фонт

а а а

Рускиот претседател Владимир Путин официјално никогаш не оди на одмор, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Ова практично никогаш не се случува, па затоа тој официјално никогаш не оди на одмор. Функцијата на шефот на државата не вклучува можност за одмор“, изјави Песков за Телеграм каналот „Јунасев лајв“, објави ТАСС.

Според него, Путин понекогаш има „неколку слободни денови“, но дури и тогаш нема цел ден без обврски.

„Дури и во тие денови, тој не успева да биде целосно слободен“, додаде тој.