Барселона изврши огромен притисок кон Марк Андре Тер Штеген со ангажманот на Жоан Гарсија од Еспањол, а за да биде уште полошо, каталонскиот великан реши да му даде нов договор и на Војчех Шчесни.
Во таква ситуација, некогаш недопирливиот Германец се најде во ситуација да има два сериозни конкуренти, но неповолни вести за него пристигнаа и во вид на повреда, поради која ќе мора да отсуствува од три до четири месеци.
Тер Штеген остави ужасна сезона зад себе поради операцијата на коленото, но сега ќе прави нова долга пауза поради операција на грбот.
Марк сигурно нема да биде на располагање до октомври, или ноември, па во оваа фаза од сезоната, Ханси Флик не е сигурен дали тој ќе остане капитен на тимот.
– Јас не одлучувам за капитените. Тимот е оној кој секогаш ги гласа капитените во соблекувалната, така се правело во минатото, така се прави и сега. Обично ги одредуваме капитените две недели пред стартот на сезоната, – изјави Ханси Флик.