Бекали: Ако испаднеме и од следниот ривал, најдобро да го оставиме фудбалот!

Дерби

31/07/2025

13:57

677

Големина на фонт

а а а

Џиџи Бекали привлече огромно медиумско внимание со изјавите кои ги даваше пред двомечот и за време на натпреварите меѓу Шкендија и ФЦСБ, но откако македонскиот првак успеа да го елиминира романскиот ривал, газдата на Стеау мораше да „проголта“ зборови.

По новиот пораз од 1:2 на домашен терен, Бекали во своето прво обраќање најави дека нема да зборува за фудбал во наредните пет месеци, но дополнително комуницирал со неколку романски новинари и најавил дека ФЦСБ ќе треба да заборави на фудбал доколку испадне и од следниот косоварски ривал.

Елиминацијата во квалификациите во Лигата на шампиони не значи крај на европското лето, бидејќи ФЦСБ сега го чека двомеч со Дрита во квалификациите за Лигата на Европа.

– Ако после ова со Шкендија, испаднеме и од клуб од Косово, тогаш треба да го оставиме фудбалот…….

– Работите се такви какви што се, едноставно нема послаба екипа од онаа која ја добивме за ривал во квалификациите во Лигата на Европа, – изјавил Бекали.