Саул Нигез направи изненадувачки трансфер во редовите на Фламенго кога имаше се договорено со Трабзонспор, но само една недела подоцна, неговиот чекор реши да го следи и досегашен играч во првиот тим на Атлетико Мадрид.
Нигез премина во бразилскиот великан како слободен агент и Фламенго не мораше да плаќа отштета, меѓутоа јасно е дека односнот на релација Мадрид-Рио е нависитна добар, за што доказ е трансферот на Самуел Лино.
Бразилското крило кое минатата сезона беше и стартер на некои важни натпревари, ова лето стана еден од прецртаните во плановите на Чоло Симеоне, па по низата ангажмани на важни засилувања, Лино стана прекуброен во првиот тим.
Според информациите кои ги пренесе Фламенго како клуб, Лино ги чини Бразилците 22 милиони евра, сума што е за трипати повисока од онаа која ја плати Атлетико за него пред три години.
Оваа продажба е многу важна за Атлетико бидејќи се ослободува и едно место за странски фудбалер, што значи дека хоризонтите на „душекџиите“ можат да се прошират на трансфер пазарот.