Се трага по 16-годишно девојче во реката Вардар, соопшти ЦУК

Макфакс

24/07/2025

18:50

760

Големина на фонт

а а а

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици била примена пријава за две потонати женски лица, на возраст од 16 и 26 години, во реката Вардар, во близина на селото Уланци, Општина Градско, соопшти ЦУК.

Пријавата била поднесена од лице присутно на местото на настанот, односно сестра на 16-годишното девојче, која, како што информираат од управата во видно вознемирена состојба, побарала итна помош. 

🔴 Итна интервенција – Потрага по исчезнато лице во реката Вардар

Денеска, во 16:42 часот, на бројот за итни повици беше...

Posted by Центар за управување со кризи on Thursday 24 July 2025

„По приемот на пријавата, Центарот за управување со кризи веднаш ги извести надлежните институции – СИКС при МВР, Оперативниот центар на Генералштабот и Дирекцијата за заштита и спасување – со барање за итно ангажирање на тимови за потрага и спасување на вода.
Според последните информации од терен, на локацијата е присутна екипа на МВР со чамец, а 26-годишната жена е пронајдена жива.
Потрагата по 16-годишното девојче продолжува“, соопшти ЦУК.