Никоски: Најекономично и најисплатливо справување со отпадот е ако државата се подели на пет региони со пет депонии

Макфакс

24/07/2025

15:07

1.011

Големина на фонт

а а а

Справувањето со отпадот, како едно од најаткуелните прашања, е возможно исклучиво со поставување и профункционирање на регионалениот систем за управување со отпад, вели директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски. Стурчните пресметки и анализи покажале дека најекономично и најисплатливо е групирањето на општините и регионите во државата во 5 регионални системи за управување со отпад, со 5 регионални санитарни депонии.

Источен регион и Североисточен регион – Мечкуевци во Свети Николе, Полошки регион – Русино, општина Гостивар, Пелагониски регион – Југозападен регион – Мегленци, општина Новаци, Вардарски регион – Југоисточен регион – Доброшинци, општина Василево и Скопски регион – Дрисла, Скопје.

„За Источен регион и Североисточен регион е објавен е тендерот за изградба на централна постројка за управување со отпад за двата региона во Свети Николе, како и изградба на 6 претоварни станици во Куманово, Ранковце, Штип, Виница, Македонска Каменица и Берово. Паралелно ќе се одвива градбата на претоварните станици и регионалната депонија. Додека не се изгради целиот систем нема да се пушти во работа централната инсталација за управување со отпад односно телото на депонијата, постројката за механичко биолошки третман, пречистителната станица, линијата за селекција и така натаму“, вели директорот Никоски.

Спроведени се активности за затварање на нестандардните депонии и ѓубришта. Во зависност од количината на отпадот, предвидени се три начини за справуавње со депониите.

Најмалите ѓубришта ќе бидат едноставно исчистени и отпадот ќе биде однесен на друга блиска непрописна депонија.

Одредени непрописни депонии ќе бидат преобликувани, отпадот ќе се компактира, ќе бидат прекриени со одредени слоеви кои ќе ја вршат улогата на собирање на депониски гас, ќе се собира депонискиот исцедок, ќе се изгради систем за собирање на површинските води и дренажен систем, финално запечатување на депонијата, како и раззеленување на последниот слој, На ваквите места Никоски вели дека ќе биде поставена ограда и влезна капија, ќе бидат изведени сервисни сообраќајници и мерни места за земање примероци за мониторинг на квалитетот на водите и гасот. Оние непрописни депонии кои ќе го прибираат отпадот, пак, се до започнување со функционирање на меѓурегионалниот систем за управување со отпад, ќе се извршат некои од горенаведените операции, без финално затворање и истите ќе останат во функција. „За конечно затворање на овие непрописни депонии предвиден е друг проект (II фаза) кој ќе се реализира по изградбата на регионалната депонија во Мечкуевци, општина Свети Николе, а планиран во рамки на ИПА III. Обврската за одржување на исчистените локации останува на секоја општина, согласно со договорот потпишан со МЖСПП“, вели директорот Никоски.

Пари за овој проект се обезбедени од ИПА фондовите и национално кофинансирање. За Полошки регион – Русино и за Пелагониски и Југозападен регион – Мегленци, Општина Новаци проектите се реализираат со средства од заемот од ЕБРД. Никоски вели дека е пред крај подготовка на тендерската документација, и се очекува во најскоро време да се објават тендерите за градба, односно за реконструкција на регионалниот систем за управување со отпад Русино во полошкиот регион и претоварна станица во Тетово, претоварни станици во Дебар, Охрид и Прилеп и затварање на депонијата во Новаци и надзор над работата.

Во моментот во тек е тендер за набавка на возила и контејнери за општините од Пелагониски и Југозападен регион.

За Вардарскиот и Југоисточниот регион – регионална депонија во Доброшинци, во тек е тендерска постапка за изработка на плански документи, која исто така е финасирана со заемот од ЕБОР.

За Скопскиот регион – Дрисла, пак, тече постапка за избор на консултант кој треба да ги подготви сите неопходни документи за развој на депонијата Дрисла и за воспоставување на регионалниот систем за скопскиот регион. Постапката за избор ја води ЕУ – делегација и целиот проект ќе биде финасиран со грант средства од ЕУ.