СДСМ: Предлог-резолуцијата со Бугарија е штетна – ВМРО-ДПМНЕ отвора затворени прашања

Макфакс

22/07/2025

14:13

180

Големина на фонт

а а а

Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, оцени дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка резолуција со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет е штетен и претставува нов удар врз македонските национални позиции.

„Станува збор за свесно враќање наназад. Клучното прашање е зошто се отвораат теми кои се веќе затворени, кога македонскиот јазик и идентитет се неспорни, потврдени и признаени во светот и Европа“, изјави Костова како одговор на новинарско прашање.

Според неа, ваквиот потег му дава дополнителен маневарски простор на бугарскиот политички фактор за нови условувања.

Таа оцени дека ВМРО-ДПМНЕ нема никакво влијание во Европскиот парламент, што, како што рече, се покажало и со гласањето за последниот извештај за Македонија.