Алиу во Тетово: 155 луѓе од Клиничката болница ќе добијат договори на неопределено време

Макфакс

22/07/2025

13:43

174

Големина на фонт

а а а

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска, во Тетово, оствари средба со 155 лица – медицински персонал и со раководството на Клиничката болница – Тетово, при што инфирмира дека, конечно, се става крај на долгогодишната неправда и ќе ги добијат договорите.

„Една институција, за да биде компатибилна и да нуди услуги, кои се квалитетни, има три неопходни столба – едниот е инфраструктурен, вториот е организациски и третиот е човечкиот фактор, за кој веруваме дека е најважен, затоа инвестираме во подобрување на капацитетот на здравствените институции. Задоволство ми е што токму првата средба ми беше тука со колегите, кои имаат еден од највиталните нерешени проблеми, а тоа е вработувањето. Некои од нив работеа и по 10 години, а други по месец или година, беа и без плата, за да бидат дел од институцијата. Денес, по еден и пол месец, задоволни сме што тие се веќе дел од Клиничката болница – Тетово, 155 вработени, чии процедури административно ги завршивме. Сега крајниот чекор е за полагање администратеивен тест за да може да се потпишат договорите меѓу директорот и вработените“, изјави министерот Алиу.

Министерството за здравство останува посветено на принципите на еднаквост, почит и институционална правда, особено кон професиите, кои се столб на здравствениот систем.