Уапсена докторка од Битола поради примање поткуп

Макфакс

17/07/2025

13:15

533

Големина на фонт

а а а

Вчера, полициски службеници од СВР Битола, во координација со Јавно обвинителство Битола, ја лишија од слобода И. Д. (67) од Битола, вработена во Клиничката болница во Битола, поради сомнение за сторено кривично дело примање поткуп, казниво по член 357 од Кривичниот законик.

Имено, по претходно добиени оперативни сознанија и пријавен настан во СВР Битола истиот ден, од страна на полициските службеници извршен е претрес во службените простории што ги користи И. Д., како и личен претрес врз неа, при што беа пронајдени пари што потекнуваат од кривичното дело.

СВР Битола до Основното јавно обвинителство против И. Д. поднесе кривична пријава.