„СДС се очајни, немаат кандидат за Скопје, по цел ден молат луѓе да се кандидираат“, вели Манасиевски

Макфакс

17/07/2025

12:45

129

Големина на фонт

а а а

„СДС се очајни, немаат кандидат за Град Скопје, по цел ден молат луѓе да се кандидираат. Во СДС владее вистинска паника затоа што немаат кандидат за градоначалник на градот Скопје, а немаат затоа што кој и да биде ќе изгуби уште во првиот круг“, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во СДС знаат дека поразот во октомври ќе им биде најголем досега, и ќе имаат најмалку освоени гласови во Скопје во историјата.

Сите анкети кои ги имаат и тие самите укажуваат на пораз за СДС во однос 5:1.

СДС и Венко Филипче ги очекува огромен дебакал. И тие немаат како да избегаат од тоа.

Скопје го знае СДС по неработа, мрзеливост и криминал. Со СДС градот стагнира, и затоа е толку очајно мал рејтингот на СДС во Скопје, а исто толку е очаен и рејтингот на било кој нивен кандидат за градоначалник.

Битката и маката на Венко Филипче е кого ќе успее да убеди да биде носител на поразот“, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.