Пијани, без појас, без дозвола, полицијата казни 128 возачи во Скопје

Макфакс

13/07/2025

10:21

451

Големина на фонт

а а а

Во рамки на засилената сообраќајна контрола што ја спроведоа полициските службеници од СВР Скопје вчера во периодот од 16:00 до 24:00 часот, биле казнети вкупно 128 возачи за различни прекршоци.

Контролата се одвивала на повеќе локации низ градот, а според информациите од Министерството за внатрешни работи, дел од прекршителите биле фатени како управуваат возило под дејство на алкохол, други возеле без возачка дозвола, а голем дел биле казнети и поради неправилно паркирање.

„Забележавме и непочитување на законските одредби поврзани со користење мобилен телефон за време на возење, како и возење без врзан безбедносен појас“, велат од МВР, додавајќи дека во контролата биле вклучени и мотоциклисти, кај кои биле откриени повеќе прекршоци, вклучително и управување без соодветна документација.

Како што информира полицијата за непрописно паркирани има 23 санкции, за возење без возачка дозвола девет мерки, за возење под дејство на алкохол две санкции.

Изречени се осум мерки за користење на мобилен телефон при возење, пет санкции за некористење на сигурносен појас, пет мерки за управување возило со несоодветна категорија, 15 санкции за возачи на моторцикл, како и други видови на сообраќајни прекршоци.

Сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови. Според МВР целта на овие акции е да се подигне свеста и да се спречат трагични последици на патиштата.