Реал Мадрид вчера го заврши настапот на Светското клупско првенство, со што фудбалерите одат на заслужен одмор во пресрет на подготовките за новата сезона.
Тренерот Чаби Алонсо мора да ги анализира грешките и случувањата од натпреварите одиграни во САД и пред се поразот од ПСЖ, а вели дека неговиот тим допрва ќе треба да го достигне нивото на најквалитетните ривали.
– Има многу работи за анализирање и работи од кои може да научиме нешто.
– ПСЖ е комплетен тим, додека ние сега го започнуваме нашето „патување“ и доживеавме болен и тежок пораз. Бевме на чекор до финалето и штета е што го завршивме настапот порано, но ќе видиме што ќе ни донесе тоа во иднина
– За Реал ова беше последен натпревар од претходната сезона, нашата сезона ќе започне во август, – рекол Чаби.