Јувентус свесно се повлекол од трката за потписот на Осимен

Дерби

10/07/2025

12:30

238

Големина на фонт

а а а

Виктор Осимен беше поврзуван со евентуален трансфер во Јувентус уште откако замина на заем во Галатасарај, но „Тутоспорт“ тврди дека италијанскиот клуб веќе не размислува за соработка со нигерискиот напаѓач.

Осимен беше фаворит на претходниот менаџмент предводен од Кристијано Џунтоли, но новиот извршен директор Демиен Комоли донел одлука дека Јувентус треба да размислува за други опции.

Во моментов Галатасарај е најблиску до договор со Наполи за целосно откупување на правата врз голгетерот, но пред офанзивата на турскиот клуб, Јувентус имал разговори со агентите на Осимен, за на крајот свесно да се повлече од оваа трка.

Покрај очекуваните комплицирани преговори со лутиот ривал од југот на земјата, Јувентус проценил и други ризици во евентуалната соработка со Осимен, па заклучокот бил да се забрза доведувањето на Џонатан Дејвид и да се разгледува уште една опција за напаѓач по најавената разделба со Душан Влаховиќ.

Комоли и неговите соработници не биле убедени во соодветната адаптација на Осимен во соблекувалната на Јувентус, а посебно не им се допаднал фактот што клубот треба да издвои многу пари за напаѓач кој ќе отсуствува околу еден месец поради обврските на Африканскиот куп на нации.