Куртоа по убедливиот пораз од ПСЖ: Нѐ чека многу работа за да дојдеме на нивното ниво

Дерби

10/07/2025

11:48

212

Големина на фонт

а а а

Тибо Куртоа не можеше да го спаси Реал Мадрид од убедливиот пораз од ПСЖ на Светското клупско првенство, а по натпреварот направил анализа на неуспешниот настап и се обидел да ги детектира проблемите во составот на Чаби Алонсо.

Соиграчите на белгискиот голман дозволија ПСЖ да погодува од зицер позиции во кои Куртоа немаше шанса да го спречи најлошото, а тој имал повеќе забелешки за своите колеги.

– Мора да ја анализираме видео снимката, постојано доцневме, а кога доцните сите се на погрешна позиција. Им дадовме многу простор, а во таква ситуација многу е тешко да играш против ваков противник.

– Не успеавме да ги оствариме барањата на тренерот во однос на начинот на кој ќе ги градиме нападите, во второто полувреме ја имавме почесто топката, но не успеавме да шутнеме и да го загрозиме нивниот гол.

– Брзите два гола го решија натпреварот и во продолжение тие беа комфорни и опуштени. Ова е тежок пораз, но пораз од кој треба да извлечеме поуки. Понекогаш ваквите неуспеси се позитивни во однос на иднината и јасно е дека не очекува многу работа за да стигнеме на нивното ниво, – рекол Куртоа.