Наполи повторно тропа на вратата на Манчестер Јунајтед, пикирал еден од прецртаните играчи од Аморим

Дерби

10/07/2025

11:46

266

Големина на фонт

а а а

Наполи направи одличен потег со ангажирањето на Скот МекТоминеј од Манчестер Јунајтед, а италијанскиот шампион сега е заинтересиран за уште еден „непотребен“ играч во составот на Рубен Аморим.

МекТоминеј блескаше во Серија А и го освои признанието за МВП на сезоната, додека во меѓувреме неговиот актуелен клуб очекува сличен ефект и од Алехандро Гарначо.

Аргентинскиот интернационалец веќе е отпишан од Манчестер Јунајтед и мора да си најде нов клуб летово, а „Мирор“ тврди дека Наполи во моментов покажува сериозен интерес и ќе се обиде да постигне договор со „црвените ѓаволи“.

Италијанците нудат околу 50 милиони евра за крилниот напаѓач, што е втор обид за вакво сценарио, по првиот кој заврши неуспешно во зимскиот преоден рок и моментите кога Конте бараше замена за Квича Кварацхелија.

Гарначо нема да тренира со првиот тим на Јунајтед и неговите агенти мора да му најдат солуција за претстојната сезона, а останува да се види дали ќе стане уште едно важно засилување за актуелниот првак на Серија А.