Новак Ѓоковиќ наиде на доста неочекуван отпор од Флавио Коболи и мораше да прави пресврт за да се пласира во 14-то полуфинале на Вимблдон, но во завршницата од мечот со Италијанецот, српскиот тенисер предизвика и паника кај своите фанови со падот кој го имаше.
Ноле се лизна и имаше навистина незгодно приземјување при меч топка, па иако неприродното движење можеше да му нанесе и непријатна повреда, Србинот успеа да стане и да освои два поени со кој ја завери победата.
При последниот поен, Новак имаше очигледен проблем со движењето поради истегнувањето на препоната, а најважно за Ѓоковиќ сега ќе биде одговорот на неговото тело во наредните 24 до 48 часа во пресрет на полуфиналето со Јаник Синер (закажано е за в петок).
– Тоа беше незгоден пад, навистина лош пад, но знае да се случи на трева. Ми се случувало повеќе пати во кариерата да се лизнам на трева, но сега телото не ми е младо како порано. Тоа што точно се случи, ќе почувствувам утре. Се надевам дека во наредните 24 до 48 часа нема да исплива информација дека е нешто посериозно. Се надевам дека ќе бидам доволно здрав за два дена и дека ќе излезам на теренот.
На 38-годишна возраст, Новак импресионира со движењето и нивото кое го нуди на овогодишениот Вимблдон, а сега на патот до неговата осма титула стојат Јаник Синер, а за финалето му е проектиран и Карлос Алкарас.
– Се трудам да работам со она што го имам и поседувам. Задоволен сум што се движам вака на 38 години, отсекогаш сум давал максимум на грен слем турнирите. Ќе видиме дали ќе издржам, Јаник и Карлос се доминантна сила во тенисот во овој момент. Ќе треба да го победам светскиот рекет број еден, а потоа најверојатно и Алкарас. Се надевам дека ќе можам тоа физички да го издржам. Тоа ми е поголема грижа, отколку нивото на кое играм. Ако успеам да победам против двајцата најдобри, триумфот ќе биде уште посладок, – изјави Новак.
"Hopefully all will be well in two days."
— Wimbledon (@Wimbledon) July 9, 2025
Novak Djokovic comments on his fall in the final game of the match#Wimbledon pic.twitter.com/J6KtaFwemD