За разлика од Реал Мадрид кој ги одложи сите активности пред натпреварот со ПСЖ, Луис Енрике го одработи својот стандарден прес и е единствениот кој го најави вечершаното полуфинале, а по информацијата дека Чаби Алонсо нема да ги исполни стандардните обврски, Лучо се задржал на средбата со новинарите подолго од предвиденото.
Лошиот лет на Реал Мадрид ги принуди „Кралевите“ да ја прескокнаат цела медиумска увертира и последниот тренинг, па завршните подготовки за натпреварот со ПСЖ ќе се прават во последните неколку часа пред натпреварот кој се игра вечерва.
Од друга страна, Луис Енрике исто така вели дека има проблеми да го анализира новиот Реал, бидејќи во оваа фаза од подготовките сè уште не е јасен системот кој го негува Чаби Алонсо.
– Тешко и комплицирано е да се анализира овој Реал Мадрид. Тактички се целосно нова екипа и тешко е да се извлекуваат заклучоци. Цел свет знае дека имаат извонредни индивидуалци и верувам дека Чаби Алонсо ќе сака да создаде фантастичен тим. Специјално е да се игра против Реал, многу сме мотивирани што ќе играме против таков тим, – изјави Лучо, кој од новинарите беше запрашан дали има совет за Чаби како помад стручњак и сонародник.
– Чест е да се игра против Реал Мадрид, секогаш ќе биде така. Тоа е најуспешниот клуб во светот, а Чаби Алонсо има голем предизвик пред себе. Јас не би се осмелил никогаш да дадам било каков совет до тренер на Реал Мадрид, – искрено изјави Лучо.