Падна договор: Милан го продаде Тео Ернандез за 25 милиони евра

Дерби

07/07/2025

13:26

733

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот прволигаш Милан се ослободи од францускиот репрезентативец Тео Ернандез.

Тео некое време висеше во Милан затоа што никако не можеше да се договори со клубот за нова соработка, па веќе и влезе во последната година од договорот по што стана јасно дека ќе дојде до разделба.

Ова доби на тежина откако во игра влегоа милионите од Саудиска Арабија и тоа од Ал Хилал, тим кој од неодамна го води Симоне Инѕаги. Милан лесно се договори со Ал Хилал, Тео беше проблематичен, односно на почетокот не беше за таа идеја. но со тек на време попушти и се согласи на преселба на блискиот Исток.

Сега таа операција и ќе се комлетира, вест која ја пренесе секогаш добро информираниот Фабрицио Романо кој порача дека калчолигашот за зделката ќе заработи 25 милиони евра.

Детали околу личните услови на фудбалерот засега не се откриваат, ама Французинот сигурно добро ќе ја наплати преселбата во Ријад.