Пожарот кон преминот „Блаце“ е со голем интензитет, испратен хеликоптер на МВР

A1ON.MK

06/07/2025

17:37

756

Големина на фонт

а а а

Центарот за управување со кризи (ЦУК) упати барање за воздухопловна поддршка до МВР, по добиена пријава преку бројот за итни повици 112.

Градоначалникот на Општина Чучер Сандево пријави пожар на бројот за итни повици 112 над магистралниот пат Скопје – ГП Блаце, пред тунелот од десна страна. Пожарот се наоѓа на непристапен терен, поради што екипите на БППЗ не се во можност да интервенираат од копно.

Пожарот е со голем интензитет, а силниот ветер го разгорува и го насочува кон ридот, додека другиот крак се движи кон селата Блаце и Чучер.

ЦУК побара итна воздушна поддршка, а воздухопловот е во фаза на техничка подготовка и се очекува наскоро да полета.