[ФОТО] Русинкa која живее во Белград се жали на блокадите бидејќи мора пеш до теретана, а потоа добила одговор од Србите кој нималку не ѝ се допаднал

Точка

04/07/2025

16:21

1.318

Големина на фонт

а а а

Објава на Русинка која на X се потпишува како @viktorysa, во која се жали на блокадите во Белград бидејќи, како што вели, по тренинг мора секаде да оди пеш по температура блиска до 40 степени, наиде на многу бурни реакции од граѓаните на Србија.

„Човече, задникот буквално ми гори од одење на четириесет степени. Четири пати дневно одам пеш секаде по два тренинга, бидејќи овие еб*ни блокади целосно ме извадија од такт, и веќе едноставно не можам да издржам“, напиша таа во првичната објава, а потоа продолжи дека не може да отиде до Нови Сад и дека ѝ пропаднал планот да ја посети пријателката.


Во неколку објави кои се надоврзуваат на нејзината, корисници ѝ пишуваа дека кај Путин нема блокади и дека таму сè е проодно. Сепак, она што најмногу им пречеше на луѓето од Србија – и што често ѝ го пишуваа во одговорите на објавата – е тоа што голем број „Руси во Србија седат по кафулиња, работат ‘од дома’ и заземаат станови низ градот што ги плаќаат повеќе од 1.500 евра месечно“.

„Веќе пет години сте тука, живеете во свој балон, не го учите јазикот, не се интегрирате. Никој не ве чепка, а за дупки (станови) плаќате по 1500 евра, бидејќи вашите плати, што ги заработувате седејќи по кафулиња, се повисоки од нашите. А сега ви пречат протести што дури ни не ги разбирате“, е само еден од бројните одговори на нејзините повици за помош.

Додека во Србија во моментов студентите се апсат и физички напаѓаат од страна на полицијата, објавата на Русинката наиде исклучиво на осуди и коментари дека нашите граѓани сакаат да си го средат животот во својата земја.