[ВИДЕО] Вонредна состојба на Крит: евакуирани повеќе од 1.000 жители и туристи

Макфакс

04/07/2025

15:14

488

Големина на фонт

а а а

Властите прогласија вонредна состојба во делови од општината Иерапетра по катастрофалниот пожар во источниот дел од грчкиот остров Крит, кој во голема мера е ставен под контрола, објавија локалните медиуми.

Пожарот, кој избувна во близина на Иерапетра во средата, во суви и ветровити услови зафати илјадници хектари обработливо земјиште и шуми на јужниот брег на најголемиот остров во Грција.

Пожарот сериозно ја оштети инфраструктурата, вклучително и водоводните мрежи, и предизвика евакуација на повеќе од 1.000 жители и туристи, според дневниот весник „То Вима“.

Дневникот објави дека истражен тим пристигнал на Крит за да ја утврди причината за пожарот бидејќи брзото ширење на пожарот и повеќекратните фронтови иницирале сомневања за намерно палење.