Бебе белоглав орел, прво од ваков вид во зоолошката градина Малинки во Ростовскиот регион, го доби името Трамп, по американскиот претседател Доналд Трамп.
„Денес, Трамп излета од гнездото, што го означи почетокот на неговиот возрасен живот. И покрај фактот дека Трамп е стар речиси три месеци, неговите родители продолжуваат да го штитат и активно да се грижат за него“, изјавила директорката на зоолошката градина Елеонора Моргунтова.
Младенчето е родено на почетокот на април, а неговиот пол е утврден дури денес, додека Моргутнова вели дека доколку било женско, би се викало Меланија, по првата дама на САД, пренесува „РИА Новости“.
Таа додаде дека птицата има црни пердуви, кои ќе ги задржи до четиригодишна возраст, а засега јаде само месо, во кое ужива.
Според вработените во зоолошката градина, родителите го обожаваат – неговата мајка му носи храна во гнездото, но родителите сè уште не им дозволуваат на чуварите да влезат преку оградата.
„Трамп е смирен, разумен и многу внимателен, ја проучува ситуацијата и гостите во паркот и е подготвен за интеракција“, рече директорката.