Даскаловски: Ресен повторно е мета на партиски експеримент

Макфакс

04/07/2025

13:21

161

Големина на фонт

а а а

Ресен повторно е мета на партиски експеримент. Кандидатот на СДС, Александар Бузлевски, ни се претставува како ново лице, но зад него стои старата пракса – политички кадар без локални резултати, без визија и врска со реалноста кон граѓаните на Ресен, изјави Николче Даскаловски, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и советник во Општина Ресен.

„Го паметиме Бузлевски како директор на Националниот парк Галичица, функција која ја вршеше со минимална транспарентност и со контроверзни одлуки што го доведоа во прашање управувањето со еден од најзначајните природни ресурси во државата. Што направи за таа институција? Дали го подобри управувањето со паркот? Дали го приближи паркот до граѓаните или го претвори во уште една затворена партиска структура? Дали отворил барем едно ново работно место за младите од Ресен? Одговорот е јасен, не“, рече тој.

Според него, Бузлевски не нуди визија, туку продолжување на истата политика на занемарување и игнорирање на потребите на народот.

„Ресен не е терен за вежбање. Доста беше со експерименти и кариеристи. Александар Бузлевски е човек од системот што не запостави. Ресенчани добро се сеќаваат за фамилијата Бузлевски , таткото на градот од минатото, долговите што ги направи и ја заглави Општина Ресен“, рече Даскаловски.

Тој кажа дека на следните избори жителите на Ресен имаат јасен избор или ќе дозволат Ресен повторно да биде жртва на политичка матрица или заедно ќе го продолжат патот на прогресот во Преспа, со локален патриотизам, со работа, со отчетност и вистинска промена.