Арсенал (не)очекувано го раскина договорот со еден фудбалер

Дерби

04/07/2025

11:12

177

Големина на фонт

а а а

Микел Артета и менаџментот на Арсенал работат на доведување неколку нови играчи во составот на Арсенал, но истовремено очекувано решија и да се заблагодарат на фудбалери кои бараат или веќе најдоа нови клубови.

Утринава е потврдено дека од таборот на Арсенал заминува Такехиро Томијасу, фудбалер кој постигнал договор за предвремен крај на соработката и ќе може да си бара нова средина.

Јапонскиот интернационалец заработи посериозна повреда на коленото од која сè уште се рехабилитира и минатата сезона одигра само шест минути за „топчиите“.

Најавите се дека по операцијата во февруари, Томијасу ќе треба да паузира уште пет месеци, па тој и клубот решиле да го прекинат договорот една година пред неговото истекување.

Томијасу дојде во Арсенал од Болоња во 2021 година и одигра само 79 натпревари за премиерлигашот.