[ВИДЕО] Инциденти ноќеска во Белград, полицијата со брутална акција кај Правниот факултет

A1ON.MK

03/07/2025

10:08

948

Големина на фонт

а а а

Во текот на вечерта беше бурно на улиците на Белград, Ниш и Нови Сад. Полицијата повторно употреби сила против граѓани, студенти, средношколци и професори кои повторно ја изразија својата граѓанска непослушност во форма на мирни блокади.

Во Белград имаше голем број апсења, припадници на жандармеријата се обидоа да влезат во Правниот факултет, а покрај околу 40 уапсени студенти и пет ученици, беа уапсени и професори. Интервенција имаше и во Нови Сад.

Акциите на полицијата следеа само неколку часа по соопштението на Вишото јавно обвинителство во Белград дека сообраќајните блокади се спротивни на Уставот и законите на Србија, поради што властите се овластени да реагираат.

Студентите во блокадата утрово објавија дека денешната акција планирана за 7:30 часот наутро е одложена и велат: Наскоро ќе слушнете од нас.