Хамас подготвен за прекин на огнот, инсистира на целосен крај на војната

Макфакс

02/07/2025

11:35

170

Големина на фонт

а а а

Хамас во средата посочи дека е отворен за постигнување договор за прекин на огнот со Израел, но не го прифати директно предлогот што го објави претходно истиот ден претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп. Движењето го повтори својот долго познат став дека секој договор мора да подразбира целосен крај на војната во Газа.

Како што објавува агенцијата АП, претставникот на Хамас, Тахер ал-Нуну, рече дека оваа палестинска организација е „подготвена и сериозна кога станува збор за постигнување договор“.

„Подготвени сме да ја прифатиме секоја иницијатива што јасно води кон целосен крај на војната“, рече ал-Нуну.

Се очекува делегација на Хамас да одржи разговори со египетски и катарски посредници во Каиро во среда за да разговараат за деталите од предлогот, потврди египетски функционер.

Ова соопштение доаѓа само неколку часа откако претседателот Трамп изјави дека Израел ги прифатил условите за 60-дневен прекин на огнот и дека конечниот предлог е доставен до Хамас преку катарски и египетски посредници, според Гардијан.