Ништо од братска пресметка во САД: Џоб Белингам направи глупост и се прецрта за натпреварот против Џуд

Дерби

02/07/2025

11:10

99

Големина на фонт

а а а

Борусија Дортмунд во раната фаза дојде до предност од 2:0 против Монтереј и ги контролираше случувањата на теренот, па иако се беше мирно во првиот дел за германскиот тим, неискуството на Џоб Белингам дојде до израз во 28-та минута.

Младиот играч за врска направи глупост и непотребен груб прекршок за кој заработи жолт картон, а бидејќи тој беше под опасност пред стартот на натпреварот, ја доби и најлошата вест во пресрет на дуелот кој следи.

Иако стануваше збор за рана фаза од натпреварот, на Џоб уште веднаш му стана јасно дека го пропушта потенцијалниот дуел со својот брат, кој од претходно со Реал се пласираше во четвртфиналето.

Поради опасност да заработи и црвен картон, Нико Ковач го извади младиот Англичанец на стартот на вториот дел, а сега стана јасно дека и дефинитивно ја пропушта братската пресметка.

Борусија победи 2:1 и си осигура натпревар во кој ќе го предизвика големиот Реал, средба на која Ковач ќе мора да бара замена за големото летно засилување.