Приведен возач во Македонска Каменица затоа што возел под дејство на алкохол.
Според информациите на МВР, ноќеска во 00.40 часот на ул. „Александар Македонски“ во Македонска Каменица, полициски службеници го лишиле од слобода Б.М. (36) од Македонска Каменица.
При сообраќајна контрола, полициските службеници констатирале дека Б.М. управувал патничко моторно возило „пасат“ со бугарски регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.41 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот, против Б.М. ќе биде поднесена пријава по член 297 – а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.