Чаби Алонсо го подготвува својот Реал Мадрид за осминафиналната пресметка со Јувентус, а во пресрет на натпреварот, новинарите кои се присутни во САД забележаа дека Чаби Алонсо користи една нова технологија која се во прашање тренинзите на Реал.
Водејќи се по традицијата која ја наметна во Баер Леверкузен, Чаби Алонсо инсталираше неколку дронови кои го следат тренингот на Реал од птичја перспектива, а целта на тренерот секако е да добие подобра слика за позиционирањето и поствавеноста на неговите играчи.
Фудбалскиот стил кој го негува Чаби бара чести поместување и активно движење од фудбалерите, па затоа сега на новинарите им објасни дека целата процедура значително се олеснува кога сликата се гледа и од поинаква перспектива.
– Дроновите ги користиме за да го снимиме тренингот од друга перспектива и да ни послужи како анализа. Сакаме да ја видиме точната дистанца која ја имаме меѓу редови. Тоа е нешто што го користев во Леверкузен, знаеме дека не сме пионери во тоа, но сакаме да го користиме, – изјави Чаби.
– Работиме веќе три недели и многу сум задоволен од тоа што го гледам во тимот. Има голем мотив за докажување, а многу работи ме потсетуваат на времето кога бев играч на Реал. Сега имам поинаква улога, треба да организирам, да подготвувам и да одлучувам, но има многу работи кои се слични. Треба да поставам врски со сите играчи и задоволен сум од тоа како се движат работите, – изјави Алонсо.