Макс Еберл е човекот кој е задолжен за спорскиот проект на Баерн Минхен, а како функционер со одговорна задача, сега посебно привлече внимание со изјавата која ја даде за „војната“ која настана меѓу две легенди.
Ули Хенес и Лотар Матеус си разменија невкусни зборови за трансфер операцијата наречена „Ник Волтемаде“, од едноставна причина што почесниот претседател на Баерн смета дека некогашниот фудбалер ја користи својата медиумска моќ за да ја зголеми цената за талентираниот фудбалер.
Матеус порача дека Волтемаде според него чини од 80 до 100 милиони евра, а во ситуација кога Баерн е подготвен да понуди 60 милиони евра, неговата изјава ги разбесни одговорните луѓе за трансфери во Баварија.
– Ули беше во право со тоа што го кажа за Матеус. Се обидува да наметне цена без да знае што се случува интерно во клубот. Неговата дискусија во јавноста ги премина сите граници. Ули има направено многу за Баерн и за германскиот фудбал во изминатите 50 години и сè уште го прави тоа. Лотар не треба да дава такви изјави за Ули.
– Веќе не е тајна дека го сакаме Волтемаде, односот со Штутгарт останува одличен, па останува да видиме како ќе се развие ситуација. Имаме одреден буџет, но нема залудно да трошиме пари. Кога некој дава суми од 80 и 100 милиони во јавноста, тоа станува апсурдно, но и покрај тоа ние остануваме на правецот кој сме го замислиле, – изјави Еберл.