Давиде Фратези не беше доволно фит за стартот на Светското клупско првенство, но и покрај тоа отпатува со тимот во САД и се очекуваше да биде големо засилување за вториот дел од шампионатот.
Пласманот на Интер во нокаут фазата во принцип беше добра вест за неуморниот играч за врска, кој за жал сепак нема да може да им помогне на соиграчите во осминафиналето, но и до крајот на турнирот ако Интер успее да го победи Флуминенсе.
Проблемот со мускулот кој датира од мечот со Барселона испадна дека е посериозен од тоа што првично се мислеше, па Интер како клуб сега го испрати Фратези назад во Италија на подетални лекарски прегледи.
Фратези преку социјалните мрежи објави дека им посакува среќа на своите соиграчи до крајот на турнирот, а тренерот Киву посака само што побрзо заздравување на фудбалерот на кој дефинитивно смета за новата сезона.
– Навистина ми е жал за Фратези. Тој веднаш се стави на располагање и отпатува со тимот во САД. Направи се за да се врати, се чинеше дека работите одат во посакуван правец, но за жал имаше нова непријатност.
– Сега е најважно да одмори и да направи неколку тестови во Италија. Најдобро е да мисли на себе, ќе беше бескорисно да остане тука и да види што може да се случи во наредните неколку дена, – изјави Киву.