ВМРО-ДПМНЕ: Кандидатот за градоначалник на СДС во Чучер Сандево, Комненовиќ, е тендераш со искуство

Макфакс

23/06/2025

09:20

231

Големина на фонт

а а а

Чучер Сандево е уништена и упропастена општина, благодарејќи на Сашко Комненовиќ кој е човек на Заев и работи по неговите постапки, обвини ВМРО-ДПМНЕ.

„Комненовиќ е повторно кандидат за градоначалник во Чучер Сандево, благодарејќи на Заев и неговите тендери со Компанијата Димовски која е блиска до СДС и Филипче. СДС, Филипче и Комненовиќ, ја исцедиле општината преку тендери и набавки, за дел од работи кои биле и дел кои не биле потребни. Во Чучер Сандево, за обичен спортски терен кој да речеме во Бутел чини 2,2 милиони денари, во Чучер Сандево благодарејќи на СДС, Филипче и Комненовиќ истиот тој терен чини 4,7 милиони денари, а изведувач секако е Компанијата Димовски“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата обвини дека СДС, Филипче и Комненовиќ ја украле општината Чучер Сандево, па сега, како што велат, бараат без срам од граѓаните уште 4 години за истото.