Општина Чаир исплатила речиси 9.000 евра на кафуле кое е во директна сопственост на заменик-министерката од Вреди, Калтрина Зеколи-Шаќири, во периодот откако стапила на функцијата, обвинува политичката партија Левица.
„Ова е грубо кршење на Законот за јавни набавки, кој јасно пропишува дека секоја набавка над 1.000 евра мора да се реализира преку транспарентна тендерска постапка. Ваквото делење буџетски пари на фирми кои се во сопственост на владини функционери е еклатантен пример за судир на интереси, злоупотреба на службена положба и политичка корупција. Дополнително, за судирот на интереси говори и фактот што заменик-министерката Калтрина Зеколи Шаќири е поранешна портпаролка токму во Општина Чаир“, се вели во партиското соопштение.
Левица ја повика Антикорупциската комисија да постапи.