Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: Тетовец возел 190 километри на час, а дозволено е 80

Макфакс

21/06/2025

13:13

126

Големина на фонт

а а а

Во текот на вчерашниот ден приведен е возач од тетовско кој управувал возило со брзина од 190 километри на час на место каде што е дозволено 80, информираа од МВР.

Тој бил сопрен кај клучката Камењане, а се работи за 29-годишник со иницијали Б.М. од селото Пирок, тетовско.

„При сообраќајна контрола и преземени мерки и активности било констатирано дека Б.М. управувал патничко моторно возило „ауди” со германски национални ознаки со брзина од 190 километри на час на место каде што максималната дозволена брзина е 80 километри на час“, соопшти МВР.

Притив него ќе биде поднесена пријава за безобѕирно управување со моторно возило.

MВР во повеќе наврати во изминатиот период на овој пат затекна возачи кои возат далеку од пропишаната брзина.