Многу од луѓето денес патат од несоница, што може сериозно да го наруши квалитетот на животот.
Недостатокот на добар сон доведува до хроничен замор, слаба концентрација и општо лошо расположение, а може да има сериозни последици по здравјето.
Поради тоа еден доктор препорачува едноставен напиток којшто може значајно да го подобри вашето здравје и општа благосостојба.
Станува збор за каранфилче за кое специјалистите тврдат дека има бројни благотворни ефекти: детоксикација на црниот дроб, ги намалува воспаленијата и го подобрува сонот. Исто така овој напиток е познат по своите антивирусни и антибактериски својства.
Каранфилчето во цел облик лесно може да се пронајде речиси во секоја продавница. Д-р Ерик Берг, автор на бестселерот „The Healthy Keto Plan“ и експерт за здрава кетоза и повремен пост, го споделил своето искуство за каранфилчето на ТикТок каде го следат многу луѓе.
Тој објаснува дека секојдневното консумирање на овој напиток пред спиење може да помогне при успивање, намалување на ноќната потреба за храна, подобрување на варењето на храната и поттикнување на природно чистење на црниот дроб.
„Што би се случило кога секоја вечер пред спиење би пиеле вода со каранфилче? Каранфилчето содржи соединение наречено еугенол кое делува како природен седатив и може да ви помогне да потонете во мирен и квалитетен сон“, вели д-р Берг.
Покрај тоа има моќно противвоспалително дејство, па може да се разбудите со помалку вкочанетост во телото. Исто така придонесува во јакнење на имуниот систем.
Како се прави вода со каранфилче:
- 4 до 5 цели каранфилчиња;
- 1 шолја вода.
Подготовка:
Ставете ги каранфилчињата во вода и сварете ги. Кога водата ќе зоврие, тргнете го садот од рингла и оставете да отстои околу 5 минути (пожелно е да го поклопите садот со капак).
Потоа оставете да се излади, може да го чувате во фрижидер. По желба додадете половина лажичка мед.
Овој напиток може да стане ваш вечерен ритуал – природен, пристапен и без несакани ефекти, а покрај тоа е исклучително корисен за здравјето и добриот сон.