МААЕ: Оштетени се клучните згради во иранската нуклеарна постројка

Макфакс

20/06/2025

11:23

161

Големина на фонт

а а а

Клучни згради во нуклеарниот објект на Иран се оштетени во израелски напад, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

Израелскиот напад рано наутро беше насочен кон објектот и реакторот за тешка вода во Хондаб.

Реакторот беше погоден и оштетен, но МААЕ вчера соопшти дека во тој момент не бил оперативен и дека не содржел „никаков нуклеарен материјал“.

Агенцијата додаде дека нема информации за можен удар врз соседен објект.

Во денешното ажурирање, МААЕ соопшти дека „клучните згради“ во производствениот погон се оштетени.

Наводно, тие вклучуваат и единица за дестилација.

Израел ги започна нападите минатиот петок, тврдејќи дека Иран е блиску до изградба на нуклеарна бомба.

Оневозможувањето на нуклеарната инфраструктура на Иран е главната цел на израелските напади, кои продолжија во последните денови на повеќе локации.