Повеќе од 450 мртви во Иран за четири дена, тврди организација за човекови права

Макфакс

17/06/2025

17:05

94

Големина на фонт

а а а

Повеќе од 450 луѓе се убиени во изминатите четири дена во израелските напади врз Иран, објави непрофитната организација Активисти за човекови права во Иран (HRANA), која го следи бројот на цивилни и воени жртви од почетокот на бомбардирањето.

Според нивните податоци, 224 цивили се убиени, додека уште 188 се повредени. Покрај тоа, HRANA наведува дека 109 припадници на војската се убиени, а уште 123 војници се ранети.

Имало и 119 жртви чиј идентитет сè уште не е утврден, додека бројот на повредени во оваа категорија е 335. Вкупниот број на жртви, според HRANA, е 452 мртви и 646 ранети.

Иранските државни медиуми сè уште не објавуваат конкретни бројки за бројот на мртви, а поради строгите ограничувања во земјата, новинарите имале тешкотии при пристапот до информации, што дополнително го комплицира независното проверување на вистинскиот број на жртви.