Вилијамс испорача личен рекорд, Оклахома на победа до титулата во НБА

Дерби

17/06/2025

13:27

146

Големина на фонт

а а а

Џејлен Вилијамс постави личен плејоф рекорд со 40 поени, првата ѕвезда Шеј Гилџис-Александер уфрли уште 31, а Оклахома Сити ја победи Индијана и е на чекор до освојување на титулата во НБА лигата.

Индијана постојано имаше негатива, но се закани со уште еден пресврт во последниот период стигнувајќи на минус два, за домаќините сепак да го издржат налетот и да стинат до победа (120-109) пред своите фанови, па сега ќе го чекаат шестиот натпревар во многу подобра позиција.

Сиакам со 28 и МекКонел со 18 поени беа најефикасни во редовите на гостинската екипа, а главен проблем на гостите беше повредата на Халибартон, поради која овој важен играч имаше само симболична улога на теренот и го заврши натпреварот со 4 поени.

Според статистиката, тимовите кои воделе со 3:2 во финалната серија победиле на 40 од 49 вакви ситуации во НБА историјата.

Шестиот натпревар се игра во петок наутро во 2:30 часот.