Во Зоолошката градина во Скопје угина мајмун од видот сијаманг. Од ЗОО велат дека причините за смртта сè уште се утврдуваат.
„Во врска со угинатата женка од видот сијаманг ве известуваме дека точните причини за смртта ќе ги објавиме веднаш штом ги добиеме официјалните резултати од обдукцијата направена од страна на стручни лица од Факултетот за ветеринарна медицина со цел поголема транспарентост, како што тоа е пракса и во минатото“, велат од ЗОО Скопје.
Од таму демантираат дека женката сијаманг била бремена во моментот на пцовисување.
„Животните од скопската Зоолошка добиваат ветеринарен третман веднаш штом се појави каков било прв симптом или аларм дека можеби се болни или имаат некаква повреда. Нивната благосостојба постојано будно се следи од страна на вработените во Скопје ЗОО, а благодарение на Факултетот за ветеринарна медицина имаме пристап до најсовремено лекување, дијагностицирање и третман на животните. За жал, како и кај луѓето, така и кај животните не секогаш може да се избориме со некои заболувања иако се преземени сите можни здравствени мерки“, велат од ЈУ Зоолошка градина – Скопје.