Ирански медиуми: Ајатолахот Хамнеи се крие во бункер северно од Техеран

Макфакс

16/06/2025

07:57

371

Големина на фонт

а а а

Неколку часа откако Израел ги започна нападите врз Техеран во раните утрински часови во петокот, врховниот лидер на Иран Али Хамнеи беше преместен во подземен бункер во Лавизан, североисточен Техеран, изјавија за „Иран интернешнл“ два добро информирани извори во Иран.

Сите членови на семејството на Хамнеи, вклучувајќи го и неговиот син Моџтаба, се со него, велат изворите.

Според истите извори, за време на претходните операции против Израел, Вистинско ветување 1 и Вистинско ветување 2, семејството на врховниот лидер исто така било преместено во бункерот.

Во тоа време, Моџтаба бил со него, но неговите двајца синови, Масуд и Мостафа, не биле.

Најмалку 19 мртви во Израел од петокот, Иран вели дека кај нив се убиени 224

Најмалку 19 лица се убиени во Израел од петокот, вклучувајќи четворица убиени во иранските ракетни напади во текот на ноќта, соопшти израелската служба за итни случаи Маген Дејвид Адом. Судирите ескалираа во петокот, кога Иран и Израел почнаа да разменуваат напади.

Во меѓувреме, иранското министерство за здравство соопшти дека во израелските напади низ Иран од петокот загинале 224 лица.