Муцунски на проштални средби со амбасадорките на Србија и Шведска

Макфакс

12/06/2025

12:41

177

Големина на фонт

а а а

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари одвоени проштални средби со амбасадорката на Република Србија, Невена Јовановиќ, и амбасадорката на Кралството Шведска, Еми Ларсон Џејн.

На средбите, министерот Муцунски изрази благодарност за севкупниот ангажман и придонес на двете амбасадорки во унапредувањето на билатералните односи и меѓусебната соработка за време на нивниот дипломатски мандат во нашата земја.

Соговорниците изразија заедничко задоволство од континуираниот политички дијалог на високо ниво и успешната соработка во сите области од заемен интерес. Притоа, беше реафирмирана заедничката посветеност за натамошно продлабочување на односите и одржување на отворен и конструктивен дијалог по сите прашања од заеднички интерес.