Јужнокорејската компанија Самсунг претстави паметни фрижидери кои можат да ги препознаваат членовите на семејството преку глас, што овозможува персонализирано користење на екранот на вратата од уредот.
Самсунг го унапредил својот дигитален асистент базиран на вештачка интелигенција „Bixby“, така што оваа алатка, во зависност од гласот на корисникот, може да ја прикаже неговата листа на обврски или омилени слики на вратата од уредот, како и автоматски да го активира приспособениот режим на команди, пренесе порталот Верџ.
„Bixby“ може да извршува разни задачи како што се поставување потсетници, испраќање пораки и контролирање на уреди, а е способен да учи и да се приспособува на желбите на корисникот.
Самсунг не успеа да се позиционира на пазарот на паметни звучници, па затоа интеграцијата во домашните апарати останува негов главен канал за развој на персонализирани функции, додава порталот.
Одделот „Samsung Electronics“, кој произведува паметни фрижидери и други електронски уреди, во фискалната 2024 година го забележа својот втор највисок приход во историјата, во износ од 259 милијарди долари, додека профитот изнесувал 33,62 милијарди долари.