Трамп: Подготвен сум да го продолжам рокот за завршување на трговските преговори

A1ON.MK

12/06/2025

07:32

282

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да го продолжи рокот за завршување на трговските разговори со други земји по 8 јули пред да стапат во сила повеќе американски царини, но не верува дека тоа ќе биде потребно.

Трамп разговарајќи со новинарите пред почетокот на изведбата на „Les Miserables“ во Центарот Кенеди, изјави дека трговските разговори на САД продолжуваат со околу 15 земји, вклучувајќи ги Јужна Кореја, Јапонија и ЕУ.


Тој најави дека САД ќе испратат писма за една до две недели во кои ќе ги наведат условите за трговски договори со десетици други земји, кои тие можат да ги прифатат или отфрлат, објави Ројтерс.