Трамп: Грета е чудна и бесна; Грета: Искрено, на светот му требаат повеќе бесни жени

Макфакс

10/06/2025

22:01

452

Големина на фонт

а а а

Шведската активистка Грета Тунберг му возврати на американскиот претседател Доналд Трамп откако тој ја опиша како „чудна“ и „бесна“ поради нејзиното неодамнешно патување кон Појасот Газа.

„Мислам дека на светот му требаат многу повеќе бесни млади жени, искрено“, рече Тунберг по пристигнувањето во Париз откако беше депортирана од Израел утрово. „Особено со сè што се случува денес. Токму тоа ни треба најмногу.“

Тунберг утрово отпатува од Тел Авив за Франција, откако претходниот ден беше пресретната од израелските власти на брод што се упатуваше кон Газа.

Таа беше дел од мисија организирана од коалицијата „Freedom Flotilla“, група пропалестински организации што отпловија од Италија за Газа на 1 јуни за да достават хуманитарна помош за цивилите кои умираат од глад во војната на Израел против Хамас во крајбрежната енклава. Меѓу патниците беше и Рима Хасан, француско-палестинска европратеничка со врски со левицата.