Спалети на збогувањето со „азурите“: Не му оставам силен италијански тим на мојот наследник

Дерби

10/06/2025

10:59

249

Големина на фонт

а а а

Лучијано Спалети ја напушта селекторската функција во италијанската репрезентација, а искусниот стручњак го коментирал своето заминување и ситуацијата во редовите на „азурите“, веднаш по вчерашната победа на Италија над Молдавија во квалификациите за СП.

Засега не е познато името на следниот италијански селектор, но Спалети признал дека не остава силен тим во наследство.

– Признавам дека на наследникот не му оставам силен италијански тим, затоа што и денешниот настап не беше којзнае колку импресивен.

– Добив шанса да бидам селектор, работев напорно, правев и грешки, правев и експерименти, но не успеав да го извлечам најдоброто од оваа група фудбалери.

– Сите играа под своето ниво, мислам дека и вие новинарите имавте право да упатите и потешки критики на моја сметка. Се надевам дека кој и да ја преземе функцијата ќе успее да обезбеди напредок, нешто што јас не успеав, – рекол емотивниот Спалети.