Малолетници со нож избоделе маж, со тешки повреди пренесен во болница

Макфакс

06/06/2025

12:55

900

Големина на фонт

а а а

На 06.06.2025 година во 01.00 часот Р.К. (55) од село Студеничани, скопско, пријавил дека претходниот ден околу 20.00 часот во близина на џамија во истото село, бил физички нападнат од две шеснаесетгодишни малолетни лица.

На нападот му претходела вербална закана по неговиот живот по што едниот малолетник извадил нож се затрчал кон пријавителот и го нападнал со ножот.

Од страна на доктор при ГОБ „Свети Наум Охридски“ кај Р.К. се констатирани тешки  телесни повреди – убодни рани и истиот бил задржан на понатамоишно лекување.